Фиренца е позната по својата историја. Центар на европската трговија и економија и еден од најбогатите градови на денешницата.Фиренца се смета за местото каде се родила ренесансата и била нарекувана Атина на средниот век. Во нејзината бурна политичка историја се вклучени периодите кога владеела силната фамилија Медичи и бројни религиозни и републикански револуции. Од 1865 до 1870 та година, градот бил исто така и престолнина на скоро основаното Кралство на Италија.

Фиренца содржи повеќе палати и згради од различни епохи. Палацо Векио (во превод Старапалата) е градското собрание на Фиренца и исто така е и музеј на уметноста. Оваа голема романична тврдина-палата која има поглед на Piazza della Signoria ја има копијата на скулптурата на Давид од Микеланџело,како и галеријата на скулптури во непосредна близина на Loggia dei Lanzi. Оригинално наречена Palazzo della Signoria, по Сигнориа од Фиренца, владејачкото тело на Република Фиренца, исто така и беа дадени и неколку други имиња: Palazzo del Popolo, Palazzo dei Priori, andPalazzo Ducale, во согласност со различната употреба на палатата за време на својата долга историја. Зградата го добила своето сегашно име кога војводската резиденција на Медичи била преместена преку Арно во Палацо Пити. 

Кога веќе сте во Фиренца ќе мора да ги посетите овие прекрасни места …

1.PalazzoPitti – Палата Пити

Палатата Пити била проектирана од страна на Filippo Brunelleschi за Luca Pitti во1458 година. Оваа огромна ренесансна палата подоцна ја купило семејството Медичи. Во текот на вековите, таа служела како резиденција на градските владетели, се додека фамилијата Savoy не ја донирале на државата во 1919 година. 

Во денешно време се наоѓа импресивен сребрен музеј, 7 уметнички музеи и 140соби, отворени за посетителите, кои повторно го создаваат животот во палатата за време на Куќата на Савој.

На зајди сонце погледот кон оваа палата е нај убав, кога целата нејзина огромна фасада е обоена розова. 

Кога ќе завршите со прошетката, не заборавајте да седнете во ресторанот на една чаша вино. 

2.San Miniato al Monte

Прошетајте некои од нај старите улици во градот додека не стигнете до реката Арно,поминете го Понте Векио и доживејте ја“најновата” област во Фиренца,Олтрарно. Бидете сигурни да одвоите време за да ја видите огромната и разновидна уметничка колекција сместена во палатата Пити.Поминете еден ден во градината Боболи или искачете се на ридот до црквата San Miniato al Monte за да доживеете прекрасен поглед на Фиренца.

3. PiazzaleMichelangelo – Плоштадот Микеланџело

Фиренца гледана од високо е единствено искуство.Секој кој ќе го посети ова место, независно од кое време од денот, или кој период од годината, ќе дознае дека Piazzale Michelangelo навистина нуди фантастичен поглед врз Фиренца. Од долгиот пат што ќе го изодите за да стигнете на плоштадот можете да здивнете во ресторанот на чаша вино или кафе… 

4. Ponte Vecchio – Стариот мост

Ponte Vecchio или Стариот мост, кој се приклучува кон центарот на градот со областа Олтрарно на јужниот брег на реката Арно,со сигурност е една од големите икони на Фиренца и еден од најпознатите мостови во светот. Денеска е најпознат по дрвените куќички кои всушност се златарски продавнички кои се наоѓаат од двете страни на мостот. 

Се верува дека овој мост е изграден во времето на Античкиот Рим, иако постојат документи во кои се појавува уште во 996 година. До 1218 година бил единствениот мост преку реката Арно. Во 1345 година овој мост претрпел озбилна поплава, кој подоцна бил реновиран. Неговата сила и убавина лежи во тоа што покрај поплавата,“преживеал” војни и различни обиди за рушење. Ова е единствениот мост преку реката Арно кој не бил рушен во Втората светска војна. На почетокот се отварале различни продавници, од месари до рибници, од облека, шешири, па се до накити. 

Овој мост навечер е фантастично осветлен и е прав рај за туристите кои сакаат да го осетат вистинскиот дух на Фиренца…Во околината на мостот се наоѓаат различни ресторани, пабови, кафичи,клубови, продавници за сувенири итн. Ponte Vecchio е спој од стара тосканска традиција и денешната италијанска енергија… 


5.La Specola Museum

LaSpecola е најстариот јавен музеј во Европа,кој започнал како лична збирка на семејството Медичи. Музејот бил отворена за јавноста во 1775 година. Различни генерации од оваа семејство со страста кумулирале во своите приватни колекции,покрај големите богатства, исто така и значително наследство на природно богатство, како фосили, животни, минерали и егзотични растенија. Во моментов,јавноста била примена во 34 соби, 24 од зоологија и 10 од моделирање на восок. Музејот особено може да се пофали со својата колекција на анатомски восочни фигури,  скапоцено сведоштво за уметноста која во Фиренца за првпат ја почнал Лудовико Чиголи (1559-1613), важен фирентински уметник од тој период и имал момент на максимален раскош и научно- техничка прецизност во 1700-тите. 

 

И се прашувате како да го завршите ова патување? Посетете го ресторанот LaTerrazza и уживајте во преубавиот поглед со чаша добро италијанско вино… 

Се надеваме дека со оваа статија Фиренца ќе биде на вашата листа на места што сакате да ги посетите во иднина.