Посетете го главниот град од соседството и овој пат истражете ги вистинските негови убавини.

Во престолнината на Бугарија доминира сива архитектурата од комунистичката ера, но сè повеќе се истакнуваат и модерни градби. Софија е прекрасен град, но поради големината може да испуштите некои од најубавите места кои кријат илјадници години историја и стилови од различни епохи.

Оваа листа е доволна за почеток на еден ден исполнет со доживувања.

Катедралата Александар Невски

Изградена во 1884 година под влијание од Руската империја е една од најголемите православни цркви во светот и е вистинска туристичка атракција.

Црквата Света Софија

Таа е една од најстарите во градот. Изградена во 4-тиот век, а 10 векови подоцна, по самата црква било именуван и градот Софија. Црквата е изградена врз темелите на неколку стари цркви од времето на римскиот град Сердика, уништени од страна на Готите и Хуните.

Историскиот музеј на Софија

(Централната минерална бања) една од најубавите градби во Софија е Централната минерална бања, односно Историскиот музеј на Софија денес. Големата жолта зграда е преполна со историја, а градината со фонтаната надвор се одлично место за релаксација.

Комплексот Ларго

Овој комплекс во чиј склоп се наоѓаат многу значајни згради пред некое време беше реновиран. Најдобриот начин да го почувствувате ова место е од археолошкото подземно ниво, каде преку специјален транспарентен таван можете да ги гледате улиците.

Парковите во Софија

Софија е многу зелена, има огромни паркови на разни делови од градот. Јужниот парк и Боровата градина се само дел од задолжителните за посета.

Националниот театар Иван Вазов

Кога е убаво времето луѓето уживаат во прекрасната градина пред Националниот театар Иван Вазов. Артистичното осветлување и фонтаните пред театарот прават магична атмосфера и по зајдисонце

Видиковецот на Витоша

Едно од најдобрите места за уживање во погледот кон Софија е видиковецот на планината Витоша. Треба да возите до локалите Алеко Хут или Копитото и тоа што ќе го видите долго ќе го помните.

ДОКОЛКУ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРОШЕТКА НИЗ СОФИЈА СО НАС ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ПРОГРАМАТА НА ЛИНКОТ.