Преубав остров, благословен со прекрасни плажи, историски места, зелен ентериер, Крф или Керкира е еден од нај космополитските острови во Грција. Како таков располага со жив и забавен ноќен живот. За да ви помогнеме во изборот составивме листа на најдобрите клубови на Крф.

 

54 DREAMY NIGHTS

Лоциран во комерцијалната област на Крф, 54 Dreamy Nights клубот е еден од главните играчи на ноќната сцена на Крф. Најчесто посетуван од млади луѓе, клубот е познат по dance стилот на музика, која рангира од Мејнстрим Грчка и интернационална музика, хип-хоп, хаус и електронски ритам. Агендата вклучува и разнолика листа на DJ сетови.

EDEM BEACH CLUB

Не е можно да се зборува за најдобрите клубови на Крф без да се спомене барем еден клуб на плажа, затоа еве го. Edem Beach Club, кој започнал со работа пред 30 години, е ветеран помеѓу клубовите на островот но е и еден од неколку кои преживеале толку долго. Лоциран на плажата во Дасиа, барот е отворен од 11:00 наутро и останува отворен до зори. Посетете го за попладневно сончање и останете до веселите утрински часеви на добра атмосфера и музика.
       

MONTECRISTO CLUB CORFU OFFICIAL

Мека за клaберите, Montecristo Club има две нивоа со различни стилови на музика, отворена сцена и ВИП дел. Познат е по своите ПЕНА забави и многуте интернационални и локални DJ – и. Ако барате ноќ за луда забава, изберете го Монтекристо. Најдобриот дел? -Лоциран е во Ипсос, каде сме и ние 🙂

PAZUZU

Океј, Pazuzu можеби и не е баш ноќен клуб, но овој beach bar/ресторан каде што можете да вкусите неодолива храна преку ден, да кулирате на креветите на плажа или да танцувате до зори како да нема утре, дефинитивно заслужува да се спомене. Секако можете да го посетите и порано и да уживате во некој коктел и месечевата светлина, но ако барате место за загревање, Пазузу со својот DJ line up e вистински одговор.  Локација: Глифада.

YARD CLUB

Неодамна реновираниот, Yard Club е модерен клуб со топла атмосфера. Подгответе се да танцувате цела ноќ и да се забавувате со едни од најдобрите DJ- и. Додека главниот музички стил се врти околу хаус и електро, клубот има и серија на неделни настани со големи DJ звезди и тематски забави. Сигурно нема да останете само на една посета.

AMAZE

Лоциран на место, со поглед на морето, Amaze, во Фалираки, е едно од омилените места како на локалците, такаи на туристите. Прашајте било кого на островот и ќе ви кажат дека ноќите во Аmaze се уникатни. Дали преферирате да останете внатре или да танцувате уживајки во летниот ветер надвор, ќе бидете наградени со освежувачки коктели и добра музика.
 

NAOK AZUR

Naok Azur може да биде збунувачко место за некого. Ресторан/ кафе преку ден, каде што можете да пробате едно од најинспиративните медитерански менија, а отворен ноќен клуб навечер. Наок Азур има уникатен карактер. Додека ресторанот вреди да се искуси, сигурни сме дека ќе се заљубите и во надворешниот бар. Поделен во два дела и нивоа со поглед на брегот, плажата Наок и старата тврдина. Посетете го за вечера и пуштете вечерта нека се развива.
 

THE CLUB

Се што треба да знаете за The Club е дека мора да имате 18 години за да влезете. Штом тоа е средено, запомнете само едно нешто : Тука сте да се забавувате! Отворен од 11:00 навечер до 08:00 наутро, клубот е идеално место за hard-core клабери кои сигурно ќе уживаат во просторот и во музиката. Со мешани луѓе, богата агенда и добра вибрација, The Club дефинитивно е место што мора да го посетат сите кои се нарекуваат „party animals.“