Туристичка агенција Стаф постои на пазарот веќе четири години, а моментално ја реализира својата петта летна сезона. Она по што сме познати и е наш заштитен знак е островот Крф.

 

Крф

Остров со многу богата историја, култура и архитектура, прекрасни плажи, тиркизно море и богат ноќен живот. Ова се дел од причините зошто Крф е нашиот летен дом.

 

Со задоволство можеме да се пофалиме дека сме успеале на нашите патници да им го претставиме островот во најубаво светло. Нашата организација и водичите  клучот за нашите патници да го имаат вистинскиот одмор за паметење.

Ние сакаме секој патник да се врати повторно, да биде задоволен и среќен кога ќе се врати и од самата дестинацијата и од нашата организација, грижа и љубезност.

За да го постигнеме сето тоа се вложуваме и им нудиме на клиентите екскурзии преку кои ги посетуваат најубавите места на островот.

Сите одиме на летување заради море и плажа, но на Крф доколку не го посетите градот и шетате само по плажи, исто како да не сте биле на Крф.

 

Овој град ќе ве опие со својата убавина и магија. Овде оставиле белег, односно го украсиле Англичаните, Французите и најмногу Венецијанците. Затоа кога ќе шетате по тесните улички ќе се почувствувате како да сте во Лондон, Париз и Венеција истовремено. Нашите претставници ја презентираат целата приказна на градот за векови наназад. За сите борби, успеси и падови на градот  и со тоа влијаат, односно допринесуваат за вистинското задоволство и одушевување од ова магично место.

 

Палеокастрица како бисер на островот Крф со тиркизното море, двете плажи, песочна и камена, аквариумот и манастирот, задоволува сечие сетило. Но, ако го видите сами и ако не слушнете што имаме да ви кажеме за сите овие места како и за овошјето кумкват и ликерот кој ќе имате можност да го дегустирате, задоволството од местото нема да биде исто.

Она што ќе ве опие не е ликерот туку глетката од највисоката точка над ова прекрасно место.

Да не заборавиме да го споменеме и Каналот на љубовта, место со интересна приказна, а уште поинтересен и уникатен изглед. Место каде што во изминатите лета имало многу запросувања и овде заеднички сме уживале и сме биле дел од најубавиот момент на нашите патници.

Бројните крстарења на Крф се нешто што не се пропушта, море, плажи, убавина, зачинета со добра музика и позитивна енергија на нашиот капетан Хомер.

Ова се само еден мал дел од тоа што ние ви нудиме на Крф. Ние знаеме зошто Крф, а вие доколку не знаете дојдете и дозволете да ви го направиме овој одмор незаборавен.

Ако размислувате дали да ни ја дадете довербата, прашајте ги нашите патници и уверете се.

Нашата цел е ваша летна приказна и авантура за паметење, исполнета  со многу забава, дружба и уникатни моменти. Не мора ништо да организирате, искористете го времето за задоволство со блиските. Вие само јавете се и резервирајте, за се друго ние ќе се погрижиме.

Со љубов Тимот на ТА Стаф