Дали сте знаеле дека:
  • Златибор е дестинација со над 120 години туристичка традиција. Започнувајќи од далечната 1939 година кога на планината биле регистрирани само 1966 туристи, ова туристичко место сега може да се пофали со над 250.000 туристи годишно.

 

 

  • Овде расте еден навистина редок вид на бел бор. Меѓу локалното население овој бор е и често нарекуван Златен Бор. Веќе погодувате. Имено се верува дека ова туристичко место го има добиено името, токму по овие борови. Интресно нели?!

 

 

  • Коњски кочии на скии и јавање на коњ низ снежната фасцинантна природа на Златибор? – Да, молам! Доколку не сте љубители на зимските спортови, тогаш ова туристичко место Ви нуди малку поинаква рекреација за совршено исполнет ден.

 

  • А климата на Златибор? – Со еден збор вашиот најдобар лек за совршено здравје. Имено ова место има субалпска клима, којашто е и често нарекувана Златиборка клима – лек за бронхијална асма. Оваа микро клима е навистина исклучителна и е со повеќе од 200 сончеви денови.

 

  • Емир Костурица и Златибор? – Доколку не ја знаете и оваа приказна доволете да Ви ја раскажеме. Имено една од многубројните атракции во ова туристичко место е Дрвениот град на Емир Костурица. Етно село сместено помеѓу планините Златибор и Тара, изградено по замисла на светски познатиот режисер за потребите на снимањето на филмот Животот е чудо.

  • Златибор и пазарот за сувенири, пршута и кајмак! – Од чаши до магнети и привезоци. Автентичноста на Златибор ќе може да ја пронајдете на овој пазар. Доколку не сте заинтересирани за секојдневни подароци од секое патување, веднаш до пазарот за сувенири, се наоѓаат тезгите на кои вашиот апетит може очекувано да се зголеми. Златиборски кајмак, говедска и свинска пршута и сето тоа по цени од 10, 15 и 20 евра.

 

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за ова прекрасно планинско туристичко место тоа може да го направите тука