Романската историја е навидум како Game of Thrones, но без оној дел, делот со фантазијата. Романија е земја со богато мулти-културно наследство и фантастична природа, локална домашна кујна која ќе посакате повторно да ја вкусите. Земја на пријателски и гостопримливи луѓе, едноставно дестинација во која секое ваше сетило ќе биде здоволено.

Главен град на Романија е Букурешт. Доколку никогаш досега не сте го посетиле, или пак вашата посета на овој град била кратка, а желбата за подолга посета на истиот е голема, за вашето повторно или прво безгрижно патување во прилог Ви ги претставиме најкорисните туристички информации.

 

 

1. Виза, Пасош?
  • Романија е дел од европското семејство во кое што не Ви е потребна виза. Доколку Ви е потребна, истата може да ја извадите на вашето пристигнување на аеродром (доколку сте жители на САД, Канада и Австралија). П.С. Доколку вашата земја е членка на Европската Унија, вашата лична карта ќе биде доволна за влез во оваа земја.

 

 

2. Валута, менување на истата и начини на плаќање?
  • Националната валута во Романија е Леу (Leu), множина (Lei) и истата е поделена во банкноти од 1, 5, 10, 50, 100, 200 и 500-ни. Еден (1) Леу може да се подели на монети од 50, 10 и ситни скоро некорисни монети. Поголемиот дел од продажните цени во Букурешт, Романија се прикажани/калкулирани во евра. Сепак нашата препорака при пристигнувањето во Романија е вашите парични средства да се веќе во некоја од најразменуваните валути. Како на пример Евра, Долари или Швајцарски Франци. За разлика од повеќето земји во Букурешт, менувачниците се и не така популарни колку што се таканаречените Бироа за разменакои најчесто ќе може да ги препознаете по нивните жолто бели табли. Воедно банкоматите кои Ви се достапни се од страна на банките Societe General, Erste Bank, Raiffeisen како и локалната Banca Transilvania. Плаќањето со платежни картички како VISA, MasterCard и Maestro се воедно уште една од алатките со кои може да ги вршите вашите плаќања, со исклучок на American Express картичките кои вообичаено не може да се искористат на поголемиот дел од продажните места во Букурешт, Романија.

 

 

3. Патни трошоци и шопинг во Букурешт, Романија?
  • Две нешта кои треба да ги знаете: Романија е релативно ефтина и навистина достапна дестинација, којашто ќе Ви понуди одлични нешта за вредноста на вашите пари. Вашиот дневен туристички буџет доволно е да биде околу 25-35 евра (100-150 Lei) (со исклучок на трошоците за вашето сметување). Оставањето на бакшиш е една од таканаречените норми во секојднениот живот во Букурешт па и на територијата на цела Романија. Вообичаено нормата е 10% од целовкупната сума на сметката, но секако и по избор на самиот клиент. Пријателски совет: Оставањето на бакшиш на такси превозниците во временскиот период од 17:00 часот до 00:00 е вообичаено од 2 до 3 Леи. Но, бидете претпазливи, некои од овие превозници понекогаш може да ве надитрат велејќи дека немаат ситно се со цел да добијат поголем бакшиш. За вашето најслатко задоволство наречено шопинг ви ги препорачуваме трговските центри во Букурешт како AFI Palace, Promenada Mall, Banesa Shopping City како и ParkLake.

 

 

4. Клима и временски услови?
  • Романија е земја во која има температури на умерено континентална клима, со четири временски сезони. Летата во Романија се со вообичаени температури до 38°C, додека пак зимите се ладни, но не премногу, не плашете се и топло облечете се. Ние одиме четврта Нова Година по ред, од искуство Ви каживаме. Задоволството и незаборавните фотографии од Букурешт и прекрасната Трансилванија во секое годишно време ќе бидат одличен потсетник на незаборавните моменти од оваа дестинација.

 

 

5. Лекарски услуги и броеви за итни случаи?
  • Во Романија единствениот национален број за итни случаи е 112. По воспоставувањето на врската со овој број, операторот ќе Ве праша дали сакате да Ве поврзат со полициската, противпожарната или пак лекарската служба. Сепак вашата загриженост оставете ја дома. Букурешт (Романија) е дестинација за која што немате никаква опасност од одредени инсекти, специфична храна која би предизвикала загрозување на вашата здравствена состојба како и глобалниот проблем со загадување. Пријателски совет: Сите здравствени институции во Букурешт, Романија се државни. Грижата од истите Ви е достапна, но процентот на доктори кои го говорат Англискиот јазик е мал.

 

Се надеваме дека овие совети ќе Ви послужат откако ќе ја посетите оваа дестинација за Нова Година. Доколку сте заинтересирани на овој ЛИНК погледнете ја понудата.