Скоро е невозможно да се патува во Виена, без да се падне во искушенијата што ги нуди слатката индустрија во овој град. Слично на блиската Белгија, каде чоколадата е обожувана, Австрија е нација позната по љубовта кон слатките. Во Виена, уметноста на правењето чоколада, се сфаќа многу сериозно, така што можете да пробате секакви, па и домашни производи секаде низ градот, па дури и да се обидете сами да ги направите.

XOCOLAT MANUFAKTUR

Зад стаклените благајни на Xocolat во богатата област Hietzing во Виена, ѕиркаат послужавници со свежо направена со љубов чколада, која само ве моли да ја пробате. Xocolat ги снабдува поголемиот дел од познатите чоколадни брендови. Кај нив можете и да го испробате вашиот талент за правење чоколада со помош на експерти.

ZOTTER

Зотер е Вили Вонка од Австрија. Не постои никој друг како него. Има уникатен став кон создавањето на најомиленото слатко на светот, плус практикува етичка  и фер пазарна политика, што го прави легендарен и национално богатство на Австрија. Пакувањето е оригинално како и содржината внатре. Тој има експриментирано со некои од најнеобичните комбинации кои би ги пробале само храбрите или оние што лесно се лажат:), вклучувајки и сирење, текила со лимон и сол, малина, кокос итн.. Ако овие егзотични вкусови не ве придобијат секогаш може да се вратите на конзервативниот избор на чоколада, како марципанот кој е исклучително добар. Зотер чоколада може да си купите во скоро секој супер маркет низ Виена.

CONFISERIE HEINDL

За разлика од Зотер, Хеиндл е на по конвенционалната страна на прозиведувачи на чоколада. Компанијата е основана во 1953год. во 5та област на Виена. Ако сакате да пробате класична Австриска чоколада во многу различни видови, ова е добро место за да почнете. Откријте ја и историјата на чоколадата во музејот, во јужните предградија на Виена и научете сѐ за нејзиното производство од традиции стари 3000 години па се до праксата на модерното доба.

SCHOKOV IN THE CITY

Екстра необична чоколада за необични луѓе е мотото на оваа продавница каде можете да пробате меѓу 200 различни видови на органска чоколада со многу интригантни вкусови како лаванда и маслиново масло.. Оваа продавница организира и дегустацијски вечери кои се многу популарни. Гостите уживаат во кратка претстава за уметноста на создавање чоколада, пред да се впуштат во пробување на слатките задоволства. Тука од SCHOKOV решиле да додадат и вино, така што станува навистина тешко да се одбие поканата на ваква вечер.

BONBON ET CHOKOLAT

Главната слаткарка на оваа продавница се откажала од својата учителска кариера во Франција, за да си го следи сонот  и кариерата во чоколадната индустрија, па отвора продавница на улицата Gumpendorfer во Виена. Брендот за кој ги создава своите слатки, Каока, е ексклузивен во Виена само за продавницата Bonbon et Chocolat и состојќите кои ги користи како чисто масло од какао, се причини доволни за да отидеме и да ги пробаме.

Спремни за Виена и за едно 2-3 килограми плус, за кои ама ич нема да ви е криво?:)

Кликнете тука да ги видите понудите за Виена.