Дубаи е град во Обединетите Арапски Емирати кој до пред 50 години беше само обичен пустински град, а денес е не само климатизиран град во средина на пустина туку и најпозната туристичка дестинацција и бизнис и културен центар на Средниот Исток.

Овој град постојано расте, односно се смета дека дневно се населуваат по 300 луѓе, од кој најголем дел се странци, односно 85% од населението.

1. Во 1999 година кога е отворен познатиот хотел Burj al Arab, беше првиот хотел во светот повисок од 305 метри. Толку е голем што во него може да се смести Статуата на слободата. Дури 39% од хотелот мора да биде отстапен на технологијата заради одржување на температурата. Само во останатите 61% гостите можат да престојуваат. Овде едно ноќевање чини и до 2.000 долари и е изграден на вештачки остров, гостите на располагање имаат лични батлери достапни 24 часа дневно.

2.  Во Дубаи не постојат адреси на улици. Доколку луѓето треба да добијат нешто на домашна адреса, мораат да нацртаат мапа на коверт или да нацртат упатства.

 3. Burj Khalifa е највисоката градба во светот и на гостите на врвот им овозможува температура и до 15 степени пониска во однос на приземјето. Таа температурна разлика може да ја почувствувате само ако отпатувате од Дубаи во Лондон, во април. Кај луѓето на највисоките катови сонцето заоѓа покасна.  Се смета дека од највисокиот кат на зградата има поглед до 95 км што значи доколку би било во Скопје од кров може Штип, Кавадарци, Неготино 😉

4. Вкупното богатство на четирите милијардери од Дубаи според листата на Форбс изнесува 18,7 милијарди долари. Тоа е речиси седум пати поголема сума пари отколку онаа во Буџетот на РМ.

 

 

5. Дури 40% од целокупната светска трговија со злато во 2013 година се случила во Дубаи. Се тргувало со 2.250 тони злато. Тоа е тежина отприлика колку 354 слонови.

6. Со златото од хотелот Бурџ Ал Араб може да се изработат 46.265 златни рамки за Мона Лиза.

7. Скапи роботи се користат за трки со камили. Порано децата се користеле како џокеи, но тоа ја зголемило трговијата со деца од сиромашните земји и затоа денес камилите за трки ги јаваат роботи во вредност од 300 до 10.000 американски долари.

8. Дубаи има затворен скијачки центар, но тоа веќе многумина го знаат. Тоа што не е познато е дека има огромно одморалиште со два хотели, 29 викендички, 40 ресторани и такси бродови кои ги превезуваат луѓето низ вештачки канали исполнети со природна морска вода.

 

9.  За вештачките острови во форма на палма кои се изградени на брегот на градот се донесени 94 милиони кубни метри песок. Тоа е доволно за 2,5 пати да се наполни зграда како Емпајр Стејт Билдинг. Palm Jumeirah е најголем вештачки остров некогаш направен. Покрива површина од 5,6 километри и одговара на површина од 784 фудбалски терени.

10. Дубаи во 2017 година го посетиле 15,8 милиони туристи. Овие луѓе би можеле да населат град кој би бил 12-ти најнаселен во светот и трет најнаселен во Кина.

Овој град плени со својот раскош, богатство и убавина, во вистинска смисла на зборот е вештачки изграден град. Голем број на луѓе од Европа се доселуваат таму заради тој луксуз, но и голем дел одат за подобра заработувачка, побено од Балканот.

Ние ви препорачуваме да го посетите овој град барем еднаш во животот , но ако одите во пар внимавајте. Бидејќи овде, ако бакнете некого во јавност, може да ве уапсат. Во 2010 година, еден пар од Велика Британија мина цел месец во затвор откако двегодишно дете ги видело како се бакнуваат во ресторан.

Доколку овие интересни факти ве привлекоа да ја посетите оваа дестинација, зошто да не ја започнете Новата Година во овој нов свет. Погледнете ја понудата на следниот ЛИНК.

Дубаи е многу футуристички град кој изгледа како да излегол од филм за научна фантастика. Некои од луѓето велат дека ги потсетува на Blade Runner. Разбудете се како на филм на 1ви јануари 😉