1. Не ми кажувај колку си образован, кажи ми колку си патувал. (Мухамед, исламски пророк)
  2.  Да патуваш, значи да се развиваш. (Пјер Бернардо, француски графички дизајнер)
  3.  Не сите кои скитаат се изгубени (Толкин)
  4.  За младите патувањето е дел од образование, за старите дел од искуства (Францис Бакон)
  5.  Не верувам во среќен крај, но верувам во среќни патувања (Џорџ Клуни)
  6.  Не сум голем кувар, не сум голем уметник, ама сакам уметност и храна, па затоа сум најдобар патник (Михаел Палин)
  7.  Патувањето е многу повеќе од гледање споменици, тоа е длабока и трајна промена на идејата на животот (Мириам Берд)
  8.  Секое патување има некоја предност. Ако патникот посети подобра, побогата земја, може да научи како да ја подобри својата. А ако оди во полоша, посиромашна, ќе научи како да ужива во својата (Семјуел Џонсон)
  9.  Ако одлучите да патувате далеку и брзо не носете многу работи. Оставете ги дома љубомората, зависта, себичноста, неопростувањето и стравовите(Чезаре Павезе, италијански писател)

 

10. Најкорисно е да патуваш сам, бидејќи имаш време за размислување. (Томас Џеферсон)

11. Никој не сфаќа колку е убаво патувањето, се додека не дојде дома и не ја стави главата на старата, позната перница. (Лин Јутанг)

12. Патувањето ја враќа силата и љубовта во животот. (Руми персиски поет)

13. Туристите не знаат кај биле, патниците незнаат кај одат. (Пол Тероу, американски новинар)

14. Само оние што ќе ризикуваат да одат предалеку, можат да откријат колку далеку може да се оди. (Т.С. Елиот, англиски поет)

15. Нашата дестинација никогаш не е место, туку нов начин на гледање на работите (Хенри Милер)