За историчарите:

  • Тој е единствениот Грчки остров кој никогаш не бил освоен од Турците.

  • Тука бил основан првиот Универзитет во Грција, првиот модерен театар и опера.

  • Постојат 37 цркви на островот.

  • Војводата од Единбург, сопруг на Кралицата Елизабета е роден на овој остров.

За вљубениците во природата:
  • Остовот е познат по маслиновите дрва кои ги има скоро 4.000 на број. 3% од светското производство на маслиново масло, потекнува од тука.
  • Помеѓу 6.000 различни видови на цвеќиња и зачини растат на островот, тој е дом и на 55 видови на диви орхидеи кои ретко може да се најдат на други места.

  • Кинеското овошје Кумкват расте само на овој остров.

Сончање, сончање, сончање:
  • За љубителите на лежењето на плажа, важен факт е дека островот брои рекорден број на плажи, дури 119.
  • Ако сте љубител на нудизмот, треба да знаете дека тука е забранет. Топлесот е делумно дозволен, но сепак треба да одберете плажи со помалку гужва.

Дали веќе знаете за кој остров се работи?

 

Погледнете ги нашите понуди за островите ширум Грција и дознајте !!!