Замокот Пелеш е изграден од Романската кралска фамилија поточно од кралот Карол 1 за да служи како летна резиденција. Тој е изграен во близина на Синаиа која била тогаш популарно место за благородниците на Романија. Почнат е да се гради 1873год. а завршен во 1914год. Изграден е на земјиште од 1000 хектари и со личните фондови на Романската Кралска фамилија. Проектиран е и надгледуван од архитектите Билџелм фон Додерер и Јоханес Шулц.

 

На него работеле мајсторите од цела Европа, од Италија, Германија, Австрија, Англија Франција, Чешка , Полска, Грција, Турција па дури и некои копаничари од Македонија.

За време на изградбата кралицата Елизабета запишала во својот дневник:

„Италијанците беа ѕидари, Романците градеа тераси, Циганите беа носачи. Албанците и Грците работеа со камен, Германците и Унгарците беа дрводелци. Инженерите беа од Полска, а каменоресците беа Чеси. Французите цртаа, Англичаните мереа, и можеа да се видат стотици национални носии и четиринаесет јазици на кои се зборуваше, пееше и расправаше со сите дијалекти и тонови, радосен микс на мажи, коњи, волови и биволи“.

 

 

 

Во него има неверојатна збирка на уметнички дела, мајсторски изведена дрвна резба и колекција на оружја од средниот век.

Замокот Пелеш долг период бил еден од најмодерните и најсовремените дворци. Најпрво поради фактот што имал сопствена електрана, но и поради невообичаениот луксуз којшто го нудел за тоа време, како на пример внатрешниот лифт или системот за централно греење.

 

 

Во колекцијата на дворецот спаѓаат предмети со непроценлива вредност, од мебел, статуи, слики, таписерии, па сè до исклучиво ретки книги. Всушност, библиотеката на дворецот е една од најпосетуваните простории од страна на туристите. Прво поради феноменалната колекција книги, а второ поради тајната врата која се наоѓа зад голема полица со книги и преку која кралот можел да стигне во која било соба во замокот. Пелеш брои 170 прекрасни соби. Од преубава спална соба до огромен салон за гости, музичка соба, соба за оружје, соба за музички концерти и бројни други феноменално уредени простории, секоја со своја приказна.

Кралицата Елизабета била уметник во вистинска смисла на зборот. Таа пишувала, цртала и свирела повеќе инструменти. Затоа без збор не оставаат музичките простории, нејзината работна соба украсена со многу уметнички слики. Но секако не помалку луксузни и интересни се и работната соба на Кралот. Собата за гости, собата за пушење, во турски стил и секако салонот за пречек. Имало и просторијата за театарски претстави и трпезаријата со огромна маса. Овде би напоменале една анегдота што вели нашиот водич

Замислете Кралот да побара сол да му подаде некој што седи на другиот крај на масата“. 😀

 

Замокот служел како резиденција на Карол 1, само шест месеци од годината се до неговата смрт во 1914 год. Потоа другите кралеви не живееле таму на редовна база, но сеуште бил во употреба до 1953 кога абдицира Михаил 1. Замокот бил прогласен за Музеј 1953година.

Николај Чаушеску го затворил целиот имот во периодот од 1975 до 1990, за време на последните години од комунистичкиот режим и единствено пристап имале луѓето задолжени за одржување и воени лица. По револуцијата во декември 1989 година, дворецот повторно бил отворен за јавноста. Подоцна со текот на времето се претворал во туристичка атракција иако неговиот статус не е целосно разрешен.

Во 2006 година романската влада го најавила враќањето на замокот во сопственост на крал Михаел I. Од тогаш започнале преговорите кои до ден-денес не се комплетирани.

 

Овој Замок не ги остава посетителите рамнодушни, тој плени со раскош, убавина, топлина и богатство. Да отидете во Романија, а да не го посетите Пелеш е скоро невозможно.

Пелеш е дел од нашата програма за Нова Година, бидејќи е едно од местата што мора да ги посети секој барем еднаш во животот.

Доколку сте заинтересирани за Новогодишна авантура низ Романија целосната програма погледнете ја на следниот ЛИНК и искористете го попустот кој сеуште важи!