Дубровник е една од најатрактивните дестинации за Дочек на Новогодишната вечер за 2018 година во Европа

Дали некогаш сте слушнале за најпознатата улица во Дубровник, улица Страдун и стариот град. Дефинитивно, некој од вас патувал во Дубровник во текот на летото. Но, уживањето за време на дочекот на Новата Година во Дубровник е сосема поинаква атмосфера и амбиент.

Големите прослави на отворено се одржуваат на Страдун, големата Дубровничка стара градска улица. Тука всушност ќе го доживеете Дубровник на поинаков начин. Тука ќе можете да видите најразлични светла, концерти, да ги слушнете најпознатите Хрватски бендови, музичари и пејачи во живо. Стариот град во Дубровник станува многу популарно место за забави на отворено, а исто така можете да прославувате во бројните барови. Огнометот во Дубровник станува традиција. Речиси секој дом има по малку огномет подготвен за Новогодишната ноќ. На полноќ целото небо над Дубровник е покриено со различни огномети кои даваат неверојатно и посебно сценарио.

 

Богатите забавни и музички програми започнуваат во саботата, 30 декември во 21 часот, ќе настапи женскиот квартет “Фрајле”. Овој бенд составен од жени кои ја воодушевија македонската публика и беа дел од Златна Буба Мара во Скопје. Овие девојки имаат неверојатна енергија и харизма на сцена. Нема да зажалите доколку ја поминете предновогодишната вечер токму со нивната музика. Oва ќе Ви биде одлично загревање за Дочек на Новата година.

 

Во утринските часови на 31 декември, ќе се одржи детската забава. Вечерната Ногодишна забава започнува во 21 часот на Страдун и ќе биде отворена од страна на хрватскиот бенд Правила Игре и големата балканска поп ѕвезда Дино Мерлин.

Ќе влезете во Новата, разнежнети, пеејќи ги Кад си рекла да ме волиш, Све је лаж, Десет млаџа, Не зови ме на грех, Недостајеш, Немам ја оних осамнаест година, Све док те буде имало и легендарната Мој је живот Швицарска. Па дај боже и навистина во 2018 година во Македонија животот да ни биде како во Швајцарија, скоро па совршен. 🙂

Традиционалниот концерт на Дубровничкиот симфониски оркестар ќесе одржи на 1-ви јануари наладне, придружуван од остриги и пенливо вино, проследено со Новогодишната “10k” трка која ќе започне во 14 часот.

 

Погледнете ја нашата програма за дочек на Нова Година 2018 во Дубровник на следниов линк  http://bit.ly/2BRedYM