Престолнината на Италија нуди повеќе различни содржини за сечиј вкус. Доколку сте фасцинирани од историските споменици кои датираат од дамнешни времиња, љубител сте на високата мода или уживате во квалитетно кафе, сирење, вино и тестенини, тогаш сте на правото место.

Ви претставуваме неколку нешта кои најсовршено го опишуваат Рим, но секако постојат уште многу детали за кои би можело да се пишува со денови.

Un caffe macchiato per favore

Ова е еден од начините да го нарачате своето омилено кафе. Не е тешко да се запамти, но секој ќе ве разбере доколку побарате на англиски. Италијаните се мајстори за правење на најдоброто кафе. Еспресо, макијато, капучино се само некои од кафињата кои можат да се пијат ширум Еврпа, но истите тие имаат сосема поинаков шмек тука. Интересно е на пример, тоа што во Рим ќе наидете на кафетерии каде што луѓето доаѓаат да го испијат своето кафе “од нога“. Таму нема столчиња и маси, туку посетителите нарачуваат на шанк некое од кафињата кои се служат во мали шољички и го пијат во две голтки. Тие не се задржуваат повеќе од  минути, што е доволно за да се освежат со својот омилен напиток и продолжуваат понатаму по својот пат. Една таква кафетерија во центарот на Рим покрај која сигурно ќе поминете е Tazza d’Oro, ова не е многу за нас бидејќи ние сме навикнати да седиме на кафе 40 минути минимум. 🙂 

Тестенини со различни форми и вкусови

Љубителите на паста ќе се чувствуваат како кралеви во овој свет. Различни видови на тестенини спремни al dente со илјадници преливи. Доколку сакате јаки сирења, горгонзолата е одличен избор, со тестенините може да дегустирате и некое италијанско вино.

Во централниот дел на градот можете да најдете многу мали улички со ресторани кои кога е убаво времето ги вадат масите надвор. Тогаш имате прилика да јадете набљудувајќи ги минувачите кои забрзано се движат низ италијанската престолинина.

Во Рим се наоѓа единствениот светски музеј во целост посветен на тестенините. Во него се изложени најразлични машини за правење тестенини, како и слики од модерни уметници во кои се прикажуваат тестенини.

La Moda Italiana

Armani, Versace, Dolce&Gabanna – нема потреба дополнително објаснување, имињата кажуваат се. Италија е синоним за стил и гламур. Нејзините креатори ја диктираат модата во цел свет. Шетајќи низ Рим ќе наидете на места каде што можете да купите убави и квалитетни парчиња за помалку или повеќе пари.

Кога ќе тргнете од Шпанските скали во прошетка, патот ќе ве однесе на познатите улици via Condotti и via del Corso, во кои се наоѓаат продавници како што се Dolce&Gabbana, Chanel, Louis Vuitton, Swarovski. Доколку сте љубители на врвен шопинг или пак само сакате да ѕирнете на момент во тој свет на висока мода и гламур вие сте на правото место.

Светиот ангел

Прекрасниот Замок Sante’ Angelo e изграден во вториот век од страна на Римскиот Император Адријан како Палата за него и за неговото семејство. Но после тоа низ времето имал различни функции, користен е како тврдина, папска резиденција, затвор, а денес е музеј.

До замокот води истоимениот мост преку Тибар. На мостот се наоѓаат статуи на ангели поставени симетрично една спроти друга. Според легендата, тие се ангелите кои го чуваат замокот. Дали е тоа поради легендата или пак по некоја логика, замокот изгледа подеднакво величествено денес, како и во далечната 139година кога бил изграден.

Доколку сте фанови на популарната серија “Borgias”, веројатно го имате забележано овој замок во некоја од сцените.

Лидо ди Остиа

На само половина час возење од Рим, се наоѓа едно мало местенце на Тиренското море кое се вика Остиа и служи како место каде што Италијаните можат да се сокријат од бучавата и гужвата предизвикана од туристите. Овој дел е резервиран само за локалците, а за тоа сведочи и фактот што луѓето кои работат во рестораните на самата плажа не зборуваат англиски.

Толку е убаво да се доживее малку автентичен италијански шмек, далеку од лудилото на пребукираната престолнина. Климата е многу поволна па можете и на почетокот од мај да се освежите во морето.

Можеби нема да може да се бањате за Нова Година, но затоа може да пиете кафе, да јадете тестенини и да уживате со чаша вино. Имате можност да ги посетите најатрактивните туристички места во Европа, токму во овој град. Погледнете ја нашата програма за Рим за Нова Година на овој ЛИНК.

Или доколку сакате да ја одбегнете гужвата за Нова Година ви нудиме можност и за во јануари, понудата погледнете ја на овој ЛИНК.