За овој град на вода се вели дека без разлика дали некој е романтичен или не, во Венеција ќе се разбуди романтичното во секој од нас и ќе ни го одземе здивот. Венеција мора да се доживее со сите отворени сетила! Со нејзината неверојатна архитектура, канали и бескрајни мистериозни ходници, Венеција е еден од најзабележливите градови во светот.

 

 

Сосема вештачка средина која се издига од морето, без видливи средства за поддршка. Романтичарите уживаат во атмосферата на елегантност, гледајќи ги скалите кои се покриени со алги како метафора за убавината. На ова место посетителите често се будат од нивниот обичен живот во фантастичен свет. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте. Со богатство од трговијата, нејзините палати со егзотичен изглед даваат посебен шмек на градот. Улиците без автомобили ги прават пешаците да се чувствуваат големи, важни и ослободени. Преку ден Венеција е град на музеи и цркви, спакувани со одлична уметност, а во текот на ноќта, се појавува друга Венеција. Романтичната Венеција, со бројни гондоли, преку тивки канали туристите уживаат во разгледот на градот, додека музиката одекнува низ водата.

 

 

Во Венеција, самиот град е број еден глетка. Но, исто како да не сте биле во Венеција, ако не ја посетите една од најубавите цркви во Италија, која се наоѓа веднаш на главниот плоштад во Венеција: Bазиликата Свети Марко. Базиликата на Свети Марко е позната по своите мозаици. Подот, ѕидовите и таванот се покриени со нив и тие се спектакуларни. Дури и арките над влезот имаат значајни мозаици, кои ја отсликуваат испораката на коските на Св. Марко во Венеција – заедно со претставата на самата базилика во позадина – која ја украсува вратата на левата страна на црквата.

 

 

Најубавата глетка околу базиликата се гулабите, што ја прават базиликата уште повеке бериќетна. И најдобар момент е кога можеш да ги храниш со трошки леб во рака. Ова чувство и искуство мора да се доживее за да бидете вистински турист во Венеција. 

 

 

Италијанската храна со едноставни состојки, примамливи ароми и прекрасни вкусови е една од највкусните храни на планетата. Не смееме да пропуштиме во Венеција да вкусиме тестенини и пица, двете традиционални италијански јадења за време на одморот. Рибата исто така се наоѓа во менито на традиционални јадења и затоае на листата на наши јадења за време на престојот во Венеција. За љубител на морска храна не постои подобро место, земајќи го  предвид широкиот спектар на морски свет. Венецијанската кујна е разновидна и овде е позната традицијата на земање мали каснувања во текот на денот, наместо големите оброци. Вака може да се вкуси се, а никогаш да не бидеш прејаден. Кога си веќе во Венеција, однесувај се како Венецијанец.

 

 

Венеција е место што топло ви го препорачуваме за Нова Година, доколку се согласувате целосната програма може да ја погледнете на следниот ЛИНК.