Санторини се наоѓа на секоја топ листа кога се работи за најубави острови, најдобри хотели, нај романтични дестинации и е едно место кое не разочарува затоа што се е навистина како на сликите. Белите куќички во контраст со синото небо и бојата на морето и црните вулкански ѕидови над кои се издигнуваат населбите се нешто што го воодушевува секој патник.

Грција има многу магични места и ова е едно од нив за кое важи формулата: зајдисонце + храна + добро вино + атмосфера = романтика.

Се што е Лас Вегас, Санторини не е. Овој остров не е за инстант љубовници. Тој е за романтичари кои бараат мир. А сето тоа може да се најде и во срцето на сезоната кога го окупираат туристи, а наоколу се мешаат звуците на џагор со звуците на моторчиња и мопеди кои се главното превозно средство на островот.

 Немојте тука да одите само на еднодневна посета како дел од некое крстарење, бидејќи ништо нема да доживеете на вистински начин. Одвојте од 3-10дена и посветете се на истражување. За некого островот долг само 16км може да се чини прекраток за да се остане таму повеќе денови. Но, верувајте за Санторини има цела листа што да (НЕ) правите.

 

Што да НЕ пропуштите на Санторини?!

  • Појадок со поглед на Егејско море
  • Пливање на црната плажа
  • Пливање на плажата во Периса
  • Прошетка помеѓу Фире и Оје
  • Истражување на островот со мотор
  • Винска тура
  • Посета на вулканот
  • Романтична вечера

МЕСТА на САНТОРИНИ

Потребни ви се само 45мин да стигнете од едниот до другиот крај на островот. Но и покрај тоа се чини како да е составен од 3 различни острови.На толку мал остров има 2 главни места – Фира и Оја. Таму воедно има и најголем број на хотели, ресторани и кафулиња.

 Други места со уникатен поглед се Имеровигли, познато по зајдисонцата и нарекувано „балконот кон Егејското море“ и Фирастефани.

Во Камарии Периса се наоѓаат најубавите плажи. Камари и не е толку романтично место, но е практично. Посебно ако патувате со семејство и деца и ви е важна близината на плажата, а и поефтиното сместување. Тука ќе најдете различен тип на апартмани со сопствена кујна.

Периса или Периволос е одличен избор за сместување. Тивко место со многу избор и пристапни опции за прехрана. Имеровигли важи за исклучиво романтично место, а Амуди е познато по најдобрата морска храна.

Емпорио и Пиргос се села на средина на островот собројни приватни, луксузни вили, каде отседнуваат сите што сакаат луксуз и тишина, но по подобри цени отколку во Оја.

Оја и Фира се двете најпопуларни места при изборот на патниците. Еве и уште една листа која ќе ви помогне доколку размислувате кое да го одберете.
  • Фира има повеќе опции за шопинг и ноќен живот
  • Фира е побучна преку ден и навечер.
  • Зајдисонцето е поубаво во Оја, но повеќето хотели во Фира имаат директен поглед на магичните зајдисонца, додека во Оја тоа не е случај.
  • Изнајмувањето на автомобил е полесно во Фира.
  • Фира е позиционирана поцентрално и со тоа подобра за истражување на островот.
  • Фира се наоѓа на 10мин од аеродромот. Оја на 30мин.
  • Употребата на автобускиот превоз е полесна и попрактична, ако сте сместени во Фира.
  • Оја е по романтична.
  • Добри ресторани има и во двете места, иако Оја води по квалитет, а Фира по ефтините цени.
  • Банкомати, продавници и пазари има и во двете места.
  • Фира и Оја имаат многу скали, но главното шеталиште во Оја е рамно и полесно за сите на кои скалите им се проблем.

ПРЕВОЗ

Ако не сакате да изнајмите моторче или автомобил, важно е да знаете дека можете да ги користите автобуските линии, кои сепак не се најдобра опција бидејќи често доцнат и има големи гужви. Распоредот на возење можете да го погледнете тука- https://ktel-santorini.gr/ktel/index.php/en/services-eng/timetable-summer-eng

Фира е своевиден центар за автобускиот превоз, откаде можете да одите на дневни излети до други места. До горе споменатото Амуди можете да одите и пешки од Оја (300 скали), а измеѓу Фире и Оја постои пешачка стаза за која ви треба од 2-4 часа пешачење. Популарно средство за превоз е и QUAD, кој ќе ве чини од 35-40евра на ден.

ХРАНА

Бидејќи има тилку голем избор, тешко е да се препорача каде да се јаде. Препорака за ручек се местата Ouzeri во Фира или Avocado во Имеровигли, или пак Naoussa во Фира ако сакате ресторан со поглед. Сите ресторани не се отворени за ручек, затоа проверете, пред да се упатите некаде.  

За вечера одберете ги Mezzo или Athenian House во Имеровигли, Roka во Оја, Moudi Taverna во Амуди или пак популарното Metaxy Mas во Ексо Гонија на средина на островот (на 15мин од Фира).

НОЌЕН ЖИВОТ

За провод, изберете ја Фира. Градот има толку добри барови што е тешко да се избројат, но еве неколку предлози: 2Brothers – многу весело место, Kira Thira Jazz Club – мало и интимно, Tropical – одлични зајдисонца со добра атмосфера, Franco’s Bar – вински бар и Koo Club – за танцување долго во ноќта. Во Оја изборот е помал, но локалците го препорачуваат малото кафуле Mary Kay.

 

Погледнете ја нашата програма за Санторини на следниов ЛИНК