corfu_celebrations1Крф за Велигден е дестинација која не смее да се пропушти. Прославувањето на Воскресението Христово на Крф е вистински спектакл и уникатно доживување. Церемонијалните денови со традиционално фрлање на ќупови и огнометот на полноќ привлекуваат илјадници туристи од целиот свет.

Локалното население марширајќ ги пее молитвите се до вечерниот спектакуларен огномет кој ја поздравува веста за воскреснието. Овој спектакл ги има сите јасни и длабоки религиозни знаци на церемонијата, симболиката, музиката и мистеријата на Велигден.fdf02f4186d00d214ec3434540451561

Крф за Велигден е целосно во фокусот на вниманието што го прави сосема уникатен град. Овде со нетрпение се очекува да се заврши утринската служба за да се слушне црковниот звук од ѕвоната кои го означуваат сигналот на собирањето во домовите и од секоја куќа да се фрли земјениот чуп. Оваа бучна традиција доаѓа од Венецијанците кои своите стари работи ги фрлаат од прозорците за да добијат нови. Усвоениот обичај овде е заменет со земјени садови кои се полнат со вода со цел кога ќе бидат фрлени бучавата да биде што погласна. Оваа традиција се поистоветува уште и со библискиот пасус “ТИ, ГОСПОДИ, КРЕПИ МЕ, А ЈАС ЌЕ ГО УНИШТАМ СТАРИОТ ГРНЧАРСКИ САД“, поради тоа што воскресението секогаш се прославува на почетокот на плантажната сезона, односно во време на ново-берените производи од земјиштето кои се собирале во нови садови, а старите биле уништувани.

Приказната овде започнува со таканаречената Велигденса Страсна Седмица, односно празнична недела во домовите, која започнува од светлото бојадисување на црвени јајца- симболот на Велигден кои се подготвуваат на Велики Четврток. Традицијата вели дека Мајката Дева Марија со оваа црвена боја го прославува Воскресението Христово и неговиот живот. Во оваа седмица грчките семејства се зафатени и со печење на kouloúria- традиционално Велигденско тесто. На овој голем ден се фрлаат и земјените чупови полни со вода за да донесат среќа во секој дом. Од искршените чупови секој присутен си  собира едно од парчињата за среќа.

Следниот ден, односно Велики петок, во Крф знамињата се поставуваат на половина копје за да се одбележи тажниот ден. На овој ден церемонијата продолжува со оплакување на смртта на Христос со симболично украсен ковчег кој го потпираат грбовите на верниците кои го носат низ улиците.

Сабота е ден исполнет со исчекување на верската прослава на Велигден и Воскресението. Луѓето се собираат во црквите и плоштадите од 11:00 часот каде секој верник во своите раце држи голема бела свеќа. Веќе на полноќ црковните ѕвона го објавуваат Χριστός Ανέστη “Christós Anésti“- ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ. Славењето продолжува со огненото небо од огномети, а меѓу толпата луѓе се слушаат зборовите

Αληθώς Ανέστη- “Alithós Anésti“- НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА.

bpscyveanf1396181456uzibodvca7

Крф за Велигден навистина вреди да се посети. Тоа е вистински спектакл кој прерасна во туристичка атракција. Велигденската Страсна Седмица овде брои голем број посетители кои се освоени од нејзините манири. Прекрасно искуство кое вреди да се осети. Т.А. СТАФ ја има на понуда токму оваа прекрасна дестинација за Велигден. Бидете и вие дел од нас за заедно да уживаме во марширањето, во пеењето на црковните песни, во фрлањето чупови и собирањето на парчињата среќа, во пламенот од белата свеќа и обоеното небо а се разбира и среќно да ги изговориме зборовите “Alithós Anésti“.

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК